Во Германија запленети 300 килограми кокаин скриен во гајби со банани
Германската полиција и царина откри и конфискува 300 килограми кокаин. Дрогата била пронајдена на пазар на големо во Нирнберг, скриена во гајби со банани.
Вредноста на запленетиот кокаин на црниот пазар се проценува на околу 20 милиони евра.
Полицијата била информирана за невообичаено тешка гајба со банани од вработен во пазарот, по што уследила проверка.
Бананите пристигнале со товарен брод од Еквадор до холандското пристаниште Флисинген, од каде што биле транспортирани до Нирнберг.