Во Франција забрзано расте бројот на новозаразени, повеќе од 10.500 во последните 24 часа
Франција во последните 24 часа забележа рекордни 10.560 новозаразени со корона вирусот, објави денеска Заводот за јавно здравство.
Ден порано премиерот Жан Кастекс предупреди дека состојбата се влошува и ги повика граѓаните да се придржуваат до хигиенските мерки, да држат растојание и да носат маски.
Во Франција во последните неколку недели нагло се зголемува бројот на заразени, откако поголем дека од летото по 55-дневен карантин до 11 јули, помина до мал број заразени.
Франција беше една од најпогодените европски земји од пандемијата со корона вирусот, при што до денеска починаа 30.910 луѓе.
Премиеот на локалните влати во Марсеј и Бордо и на карипската територија Гвадалупе даде рок до понеделникт да донесат нови мерки со цел спречување на ширење на заразата.
Шес лекари, меѓу кои и стручњаци за заразни болести како Ен-Клод Креме, упатија апел до луѓето средбите со роднините и пријателите да ги сведат на минимум.
Исто така предупредија дека најлоши се собирите во мали простории без можност за проветрување.