Во Франција 94.000 новозаразени, болниците под голем притисок

Франција, на Бадник, надмина праг од 94.000 нови дневни случаи со Ковид-19, најмногу од почетокот на епидемијата во март 2020 година, според податоците на француското јавно здравство.
Во 24 часа, забележани се 94.124 нови случаи во петтиот бран од епидемијата, зајакнато со омикрон сојот. Последните седум дена просечно дневно имало 66.417 нови случаи
Претходниот рекорд беше повеќе од 91.000 случаи.
Во петокот илјадници Французи побрзаа во аптеките за да се тесираат во очи католички Божиќ, за да можат да го дочекаат со семејствата.
Медицинските служби се под притисок, а имаат 3.254 пацинети за разлика од вторникот, кога имаше 3.208. Бројот на починати нарасна на 122.462 или 169 повеќе од четвртокот
Од почетокот на кампањата за вакцинација во Франција се вакцинирани 76,5 осто од целокупното население.