Во експлозија во куќа во Грција, повредени српски туристи. Сопственичката на куќата е приведена


Околу 15 часот во градот Аспровалта во Грција, се случила експлозија во куќа каде што престојувале туристи од Србија, соопштија волонтерите спасувачи од Волви.

Во експлозијата се повредени четири лица од стакло, додека еден млад човек се здобил со тешки изгореници на неколку делови од телото, соопштија волонтерите спасувачи од Волви, како што објави N1 Србија.

Повредените се однесени во болница. Според информациите од белградските медиуми, наводно експлодирала плинска боца, а полицијата го привела сопственичката на сместувачкиот капацитет (86).