Во Црна Гора нови 132 заразени, починаа седум пациенти

Во Црна Гора, во последните 24 часа, регистрирани се 132 новозаразени лица и седум полинати.
Како што соопшти Институтот за јавно здравје анализирани се 777 примероци.
Најмногу новозаразени се во Подгорица – 55.
Вкупно починати од Ковид-19 од јуни е 238, а од почетокот на епидемијата 247.
Оздравеле уште 293 пациенти, а активни се 4.064.
Од почетокот на годината вкупно се регистрирани 15.892 заразени со Ковид-19.