Во четвртиот квартал лани превезени 942.000 патници во патниот, 49.000 во железничкиот и 790.000 во воздухопловниот превоз
Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2023 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 942.000, во градско-приградскиот превоз 10.224.000, во железничкиот превоз 49.000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 789.856.
Во четвртото тримесечје од 2023 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2022 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 28.4 %, во железничкиот превоз е намаленo за 57.8 %, додека во воздухопловниот превоз е зголемено за 24.3 %.