Во Чешка од денеска полициски час
Во Чешка денеска стапува на сила одлуката за воведување полициски час кој треба да трае од 21 до 5 часот, во рамки на почитувањето ан мерките за спречување на ширењето на корона вирусот.
Премиерот Андреј Бабиш вчера најави и дека владата ќе побара од парламентот да се продолжи вонредната состојба уште еден месец, односно до 3 декември, додека се обидува да го сопре наглиот пораст на бројот заразени со корона вирусот.
Наредбата на чешката влада за вонредна состојба истекува на 3 ноември, потсетува Ројтерс.
Чешка со денови ги пробива сите рекорди по бројот новозаразени, а тие бројки и оваа недела се над 10.000 дневно.