Во целосен прекин експресниот пат Штип на крстосницата кај село Крупиште

Министерството за внатрешни работи информира дека на 21 мај 2025 година (среда), од 09:15 часот, ќе биде извршен целосен прекин на сообраќајот на експресниот пат Штип, на делницата од крстосницата кај село Крупиште до раскрсницата кај село Спанчево.
Прекинот е поради потреби на МВР, а сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат.
Од МВР апелираат до граѓаните за разбирање и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.