Во Бугарија пак големи бројки од короната – починаа 201 лица


Досега само 10-12% од населението во Бугарија има примено две дози вакцина

Епидемијата на Ковид-19 во Бугарија никако да почне да стивнува – во последните 24 часа регистрирани се дури 201 смртни случаи. Со тоа бројот на починати се искачи на 14.619.

Бројот на позитивни случаи е 3.122 од 17.402 теста, што значи дека позитивните примероци биле 17,9 отсто. Во Бугарија има 71.140 активни случаи, а хоспитализирани се 9.970. Во единиците на интензивна нега има 776 пациенти.

Во текот на вчерашниот ден биле вакцинирани 7.330 луѓе, со што вкупниот број на вакцинирани е 579.992, од кои 114 илјади со двете дози.