Во Бугарија 4.212 нови случаи и 85 мртви

Бројот на позитивни од Ковид-19 во Бугарија и натаму е на високо ниво. Денеска тој изнесува 4.212 од направени 12.413 теста, што во проценти е 34 отсто. Починаа 85 лица, а излекувани се 682.

Притисокот врз болниците е неверојатно голем и, како што пишуваат бугарските медиуми, здравствениот систем е на работ на пукање. Има хоспитализирано 4.949 лица, од кои 288 на интензивна нега. Од корона се заболени дури 3.785 медицински лица, новите случаи се 139.