Во Бразил над шест милиони случаи на корона вирус и речиси 170.000 починати
Во Бразил се регистрирани 16.207 нови случаи на корона вирус, додека 302 лица починаа истиот ден, соопшти Министерството за здравство на оваа јужноамериканска држава.
Бразил сега има регистрирано 6.087.608 случаи на Ковид-19, починале 169.485 лица.
По САД и Индија, Бразил е трета земја во светот која е најтешко погодена од пандемијата.