Во Босна и Херцеговина повторно повеќе од 70 починати од Ковид-19 во еден ден


 

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина евидентирани се 1.540 новозаразени со корона вирус, а починале 72 пациенти. Пред два дена во БиХ имаше 73 починати во 24 часа.

Во Федерацијата пријавени се 4.312 примероци, од кои 1.004 биле позитивни, а досега тестирани се вкупно 235.348, од кои 42.072 биле со корона вирус.

Излечени се 23.019 пациенти, а активни се 18.009 случаи.

Пријавени се 32 починати пациенти, или вкупно досега од Ковид-19 во федерацијата починале 1.044.

Во Брчко има 93 нови случаи на заразени, а починале тројца.

Во Република Српска тестирани се 1.158 примероци, а заразени се 443 лица.

Пријавени се и 37 починати пациенти или вкупно 613. Тестирани се вкупно 115.535, оздравеле 9.380.