Во Босна и Херцеговина починаа 61 пациент, новозаразени 1.198
Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрирани се 1.198 новозаразени со корона вирус, а починаа уште 61 пациент. Тестирани се 4.556 луѓе.
За споредба, вчера имаше 1.096 новозаразени, од 5.700 тестирани,а починаа 82-ца.
Во Федерацијата направени се 3.280 тестови, од кои 770 биле позитивни. ДОсега се тестирани 579.573, а вирусот е потврден кај 120.168 лица.
До денеска излечени се 96.970 пациенти, а активни се 19.014 случаи.
Пријавени се 35 нови смртни случаи, а вкупно досега починаа 4.184.
Во Република Српска тестирани се 1.173, а корона вирусот е потврден кај 364 лица.
Пријавени се 25 смртни случаи или вкупно 2.937.
Во РС потврдени се 57.435 позитивни на вирусот, оздравеа 39.736.
Во Брчко има 54 новозаразени, а тестирани биле 103. Почина еден пациент.