Во Босна и Херцеговина починаа 59 пациенти со корона вирус, заразени само 518


Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа регистрирани се само 518 нови случаи со Ковид-19, но починаа 59 пациенти.

Во Федерацијата тестирани се 1.162 примероци, од кои 384 се позитивни. Досега се тестирани 276.973 примероци, а позитивни на корона вирусот биле 56.128 лица.

До денеска излечени се 37.294 пациенти, а активни се 17.282 случаи.

Во Заводот за јавно здравство пријавени се 42 нови смртни случаи.

Вкупно во Федерацијата досега починаа 1.552.

Податоците за Брчко дополнително ќе бидат објавени.

Во Република Српска теститани се 306 примероци, а 134 биле позитивни.

Пријавени се 17 смртни случаи, или вкупно досега 1.048.

Досега во РС од корона вирус заболеле 29.952, а оздравеле 14.670. Тестирани се вкупно 132.505.