Во Босна и Херцеговина починаа 34 луѓе со Ковид-19, а новозаразени се 1.279


 

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина регистрирани се нови 1.279 слчаи со корона вирус, а тестирани биле 3.303 лица. Починаа 34 шацоенти.

Во Федерацијата тестирани биле 2.196 примероци, а 865 се покажале позитивни.

Досега се тестирани 274.412 во Федерацијата, а корона вирусот е потврден кај 55.171 лица.

До денеска оздравени се 36.082 пациенти, а во минатите 24 часа оздравеле 896 пациенти. Активни се 17.594 случаи.

Во последното деноноќие во Федерацијата починале 14 пациенти, а вкупно досега од Ковид-19 починале 1.495.

Во Република Српска со крона вирус заразени се уште 369 лица, а пријавени се 18 смртни случаи.

Анализирани биле 992 примероци. Досега во РС тестирани се 131.916 лица, а вирусот е потврден кај 29.735 луѓе, починаа вкупно 1.005 пациенти,а оздравеа 14.278.

Во Брчко регистриранис е 45 нови случаи со корона вирус, а тестирани се 115. Починаа двајца.