Во Босна и Херцеговина 1.605 позитивни на корона вирус, починаа 46 пациенти


 

Во изминатите 24 часа во Босна и Херцеговина на корона вирус се тестирани 5.411 примероци, а позитивни биле 1.605. Во однос на вчера бројот на тестирани е поголем за 3.011, а бројот наз аразени за 608. Починаа 46 пациенти, што е 27 помалку од вчера.

Во Федерацијата тестирани се 4.059 примероци, од кои 1.123 биле позитивни.Досега тестирани се вкупно 231.036 примероци, а корона вирусот е потврден кај 41.068 лица.

До денеска излечени се 22.726 пациенти, а активни се 17.330 случаи.

Во Федерацијата во последните 24 часа пријавени се 29 смртни случаи или вкупно 1.012.

Во Република Српска пак, тестирани се 1.255 примероци, а корона вирусот е потврден кај 475.
Пријавени се 16 смртни счучаи.

Досега во РС имало 23.112 случаи со корона вирус, а починаа вкупно 576.

Оздравеа 9.178,а тестирани се 114.394.

Во Брчко има седум нови случаи, а почина едно лице.