(Видео) Во близина на Ровињ е снимена голема пијавица


Долгоочекуваното влошување на времето пристигна и во Истра, Хрватска, со појава на опасни метеоролошки услови. Утрово се развила посилна облачност, а влошувањето кулминира околу пладне, пишува Истрамет. 

Во близина на Ровињ е снимена голема пијавица, а видеото го објави порталот Истрамет.

Глетката на масивна пијавица на море ја снимиле многу граѓани и туристи, а засега нема извештаи за штети.

Во исто време, изразен бран дожд е забележан на потегот од Пореч до Умаг, каде наврнале и до 25 мм дожд. Слично време не очекува и во остатокот од денот.