Во близина на нашата галаксија откриено мистериозно тело кое трепери


 

Изгледа дека во близина на средината на нашата галаксија се одвива вистинска мистерија.

Имено, астрономите на некои 25.000 светлосни години оддалеченост од Земјата пронашле чудна увезда која пред неколку месеци почнала да трепти, потоа речиси исчезнала, за на крај пак да се појави.

Научниците веруваат дека ѕвездата VVV-WIT-08 може да припаѓа на новата класа ѕвезди – џиновски ѕверки 100 пати поголеми од Сонцето, кои секои неколку десетлетија се замрачуваат (погледот се прекрива во наша насока) некои друго мистериозно тело во нејзината орбита.

Необичен пад на светлоста

Иајо, релативно гледајќи, вселената е главно празна, секогаш е можно некои ѕвезди и објекти во некој момент да се наредат на начин од Земјата да изгледа како да им паѓа сјајот. Но, не секогаш е лесно да се одгатне што точно го блокира погледот кон овие оддалечени сонца. Некоја џиновска планета? Вселенска прашина? Остатоци од неј=кој објект?

Случајот со ѕвездата VVV-WIT-08 е многу необичен. Иако некои научници забележаа пад на светлината и кај друг ѕвезди, ни еден не е така изразен. Астрономите сметаат дека виновник за ова затемнување може да биде друга планета или ѕвезда, окружена со непроѕирен диск прашина, која орбитира околу VVV-WIT-08 и во потполност ја прекрива кога ќе помине пред наѓиот поглед, пишува Сајан алерт.

„неверојатно е дека штотуку набљудувавме како темен, голем и издолжен објек поминува меѓу нас и некоја далечна ѕвезда и сега може да размислуваме од каде тој потекнува“, вели Сегреј Копосов од Универзитетот во Единбург.ж

Интересен соларен систем

Ова не е прв пат научниците да пронајдат систем со орбитални следбеници кои има џиновски диск. Еден од добро познатите примери е ѕвездата Алмааз со објект на 27-годишна орбита која во текот на 730 дена го пригушува сјајот на ѕвездата за околу 50 отсто.

Потоа го имаме сисметот TYC 2505-672-1, црвенаџиновск ѕвезда со правлив сопатник во 69-годишна орбита која ја помрачува ѕвездата од 3,5 години.

Податоците покажуваат дека намалувањето на светлоста трае некои 200 дена, при што сјајот на ѕвездата во еден момент паднал за 97 отсто. Точното орбитално време на објектот кој ја прекрива ѕвездата за сега е непознато, но според математичкиот модел, се работи за неколку десетлетија.