Во битолскиот театар премиера на претставата „Чорбаџи Теодос“


Ансамблот на НУ народен театар-Битола вечер од 20 часот на матичната сцена премиерно ќе ја изведе претставата ,,Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски, во режија на Дамјан Димовски.

Според Билјана Крајчевска, драматург во претставата, комедијата соодветствува со денешната актуелност, а хуморот е важна алатка за одговор на негативни прашања.

-Ние во театарот земаме различни приказни, поставуваме и одговараме прашања, достигнуваме до некакви концепти за решавање на современите проблеми, а хуморот е една од важните алатки кои ни даваат одговори на негативни прашања. Комедијата соодветствува со нашата актуелност. Во процесот тргнавме кон едно истражување, но не експериментиравме. Стигнавме до една предлошка која ќе комуницира со оваа сценска матрица, а користевме материјали кои се од Иљоски, од Шекспир, имавме мали документарни интервенции, се со цел претставата на крајот да не донесе до оние моменти на осознавање во животот, да се даде шанса на децата,  светот, општеството, посочи Крајчевска во пресрет на вечерашната премиера.

Во претставата настапуваат Живко Борисовски, Марија Стефановска, Александар Димитровски, Никола Стефанов, Сандра Грибовска Илиевска, Елена Моше, Никола Пројчевски, Александар Копања, Петар Спировски и Марија Цветановска