Во Битола Интернационален пијано натпревар „Пијано Фест 2025“

Во Битола почна ново издание на интернационалниот пијано натпревар на кој годинава учествуваат 110 млади музичари од 10 држави во Европа.
Оваа година натпреварувачите се поделени во три категории, односно пијано соло, пијано четирирачно и теоретски отсек облигати, а настапите ги следи комисија во која членуваат Тереза Тревисан од Италија, Паола Кондакци од Албанија, Душан Сутон од Србија, Ана Гацева од Македонија и Гоара Лазиќ од Русија.
-Натпреварувачите конкурираат за наградата „Јасминка Чакар“, која вклучува парична награда од 300 евра и плакета, соопштија од Здружението „Пијано“-Битола, организатор и промотор на класичната музика меѓу младите од државата и странство.
Интернационалниот фестивал „Пијано фест“ во Битола се одржува од 2019 година.