Во Битола доделен грант од Јапонија за набавка на ултразвучен ехо-апарат


Амбасадорот на Јапонија Савада Хиронори на средба со градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски и директорката на ЈЗУ Клиничка болница-Битола, Билјана Гагачовска потпиша договор за доделување грант од ГГП-програма за мали проекти и човекова безбедност.

Со потпишување на договорот, 52.799 евра се доделуваат на ЈУЗ Клиничка болница-Битола за набавка на ултразвучен ехо-апарат кој ќе се користи во Оделението за педијатрија.

– Ултразвучниот апарат е потребен за навремена дијагноза на болести кај деца од 14 годишна возраст и таа е пресудна за животот што ќе го имаат. Во рамки на иницијативата на Западен Балкан, Јапонија е силно посветена да ја поддржи Северна Македонија во социјалниот и економскиот развој и тоа е многу важно за интеграцијата во Европската Унија. Јапонската програма за мали грантови за основни потреби и човекова безбедност ГГП е еден од столбовите на нашата стратегија за соработка со Северна Македонија. Од 1996 година до денес Јапонија поддржа проекти во секторите за здравство, образование и животна средина, а годинава ќе потпишам 13 проекти во вкупен износ од 825.000 евра со кои досегашната вкупна јапонска поддршка ќе изнесува 8,5 милиони евра за 171 ГГП-проект, истакна амбасадорот Хиронори.

Според градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, со јапонскиот грант продолжува континуираната соработка со државата Јапонија востановена во 1996 година.

-Со јапонската донација се придонесува во грижата за најмладите сограѓани. Со новоодобрениот проект Општина Битола ја продолжува долгогодишната соработка со Јапонија која датира од 1996 година. Благодарам на јапонскиот народ и верувам дека се повеќе ќе работиме на зајакнуваме на нашето пријателство и соработка низ заеднички проекти што ќе придонесат за подобрување на условите во институциите, истакна градоначалникот Коњановски и најави соработка во областа на културата со што ќе се овозможи доближување на културите на двата народи Коњановски.

Најсовремениот ултразвучен апарат ќе се користи за кардиолошка, транскрениална и абдоминална ехо дијагностика на педијатриското одделение во Клиничка болница, посочи директорката Билјана Гагачовска на промотивниот настан во Општина Битола