Во БиХ пропаднаа повеќе од 600.000 вакцини


Иако надлежните често истакнуваат дека вакцинацијата претставува најдобро оружје во борба против Ковид-19, во БиХ досега им истече рокот на повеќе од половина милион вакцини.

Имено, во БиХ во моментот повеќе од 600.000 вакцини против корона чекаат да бидат уништени, а евидентно најголем број однив се од „АстраЗенека“.

Според лекарите, една од причините зошто толкав број вакцини треба да бидат уништени, лежи во фактот дека повеќето од нив се донирани, а имале пократок рок на траење.

Сепак, забелешителна е негативната кампања против вакцинацијата, посебно отпоторт кон „АстраЗенека“, заради стравот од појавување белодробна емболија.

Вакцините ќе бидат уништени во согласност со Правилникот за уништување медицински отпад.