Во Австрија протекоа 76 милиони полициски податоци
Во Министерството за внатрешни работи на Австрија дошло до масовно протекување на податоци, јавува информативниот сајт „Буре без дно“.
Во едно писмо на Министерството, до кое дошол сајтот, се наведува дека надворешни програмери имале неконтролиран пристап до 76 милиони полициски податоци.
Меѓу податоците до кои можеле да дојдат биле полициски пријави, протоколи за сослушување сведоци и осомничени, тајни документи, национални и меѓународни криминалистички податоци, како и информации од Шенгенскиот информативен систем.
Многу административни програми на министерствата се поставуваат и сервисираат од страна на надворешни фирми. Техничарите, според процедурата за работа, би требало детално да ја протоколираат својата работа.
Меѓутоа, интерната електронска пошта на Министерството укажува дека програмери од една надворешна ИТ фирма можеле со години без надзор да ја користат датотеката на Министерството.
Највисоките инстанции на австриското МВР ја затвориле оваа „дупка“ во март годинава.