Во авионската несреќа во Непал загинаа 18 луѓе – преживеа само пилотот

Сите 18 луѓе загинаа, а пилотот е единствениот кој го преживеа падот на помал авион во Непал, пренесува SkyNews.
Авионот се урнал при полетување и се запалил на аеродромот во Катманду. Тој превезуваше двајца членови на екипажот и 17 техничари во градот Похара на проверки за одржување, изјави шефот за безбедност на аеродромот Арџун Чанд Такури.
Такури исто така изјави за локалните медиуми дека авионот „се запалил“ откако ја напуштил пистата во главниот град Катманду.
🚨🚨WATCH :Moments before Plane crashes at the Tribhuvan International Airport in Nepal's Kathmandu.
▪︎19 people were on board.
▪︎Highly unfortunate Incident.#Nepal pic.twitter.com/LlS73QbQj5
— chikka 888 (@Rinku_41) July 24, 2024
Во најсмртоносната несреќа загинаа 167 лица
Авионот е во сопственост на локалниот оператор Саурја ерлајнс, наведуваат медиумите. Саурја оперира со домашни летови во Непал со два регионални авиони Bombardier CRJ-200, и двата стари околу 20 години, според Flight Radar 24.
Непал се најде на удар на критиките поради лошата безбедност на воздухот, а најсмртоносниот инцидент се случи во 1992 година, кога Ербасот на Пакистанската меѓународна авиокомпанија се урна во рид на приод кон Катманду, при што загинаа 167 луѓе.
Најмалку 72 лица загинаа во авионската несреќа на Јети во јануари 2023 година, бидејќи пилотите по грешка го исклучиле напојувањето.