Во Апелациониот суд во Тирана смртно застрелан судија

Сериозен инцидент ја вознемири албанската јавност попладнево, кога во судска сала на Апелацискиот суд во Тирана, со огнено опружје, беше пукано во судијата Астрит Калаја, кој бил транспортиран во клиниката за трауматологија во Тирана, но кусо потоа подлегнал на здобиените повреди.
Сторителот Ѓан Шкемби испукал три куршуми во судијата Калаја, веднаш откако почнал да ја чита донесената одлука во врска со неговиот случај.
Дел од кршумите погодија и уште две лица, татко и син, но се вон животна опасност.
Судијата Калаја водел случај околу сопственоста на поранешна училишна зграда во северниот град Скадар, во која биле сместени 31 семејство. Семејствата го тужеле Шлемби дека со фалсификувани документи станал сопственик на објектот и околната површина и барал од нив да го напуштат објектот.
Останува нејасно како убиецот можел да мине преку неколку физички проверки и детектори за метал.