Во Албанија над 35 отсто заразени од тестираните, почна примената на брзите тестови


Во Албанија во последното деноноќие забележан е помал број новозарзени споредено со вчера, но и бројот на направени тестови е помал.Сепак процентот на заразени во однос на тестирани е 35,4 отсто.

Според Министерството за здравство и социјална заштита од тестираните 1.963,опасниот вирус е дијагностициран кај 695 лица ,со што вкупниот број заразени се зголеми на 43.683 досега.

-Во изминатте 24 часа во списокот на оздравени се внесени 563 лица или 22.180 од вкупно заразените. За жал битка со опасниот вирус ја загубија 17 паценти, од 58 до 79 -годишна возраст, односно 922 лица до сега, информираше Минстерството.

Во четрите ковид болници, наведува Министертвото, хоспитализирани се 463 пациенти, 37 на интензивна терапија и девет интубирани.

Медиумите и понатаму јавуваат дека пред болниците сè уште има абмулантни возила со тешко болни кои чекаат да се ослободи кревет.

Поради потребата од болнички капацитети, албанскиот претседател Илир Мета побара од Владата да не штеди за да „граѓаните не остануваат пред болниците во амбулантни возила до ослободување кревет“.

Порача дека тоа треба да биде главен приоритет и оти е потребна силна организација, која ќе „дава итни одговори на многуте и често болни проблеми на граѓаните поврзани со Ковид-19“.

Денеска почна примената на брзите тестови. Најпрво во Тирана, како главно жариште на болеста а од 20 овој месец и во другите делови на земјата. Обезбедени се 100.000 а набрзо уште 200.000 вакви тестови.