Во 1952 година се случи нешто чудно – снема три ѕвезди: Сè уште не знаеме каде се


Научниците од опсерваторијата Паломар го набљудувале ноќното небо на 19 јули 1952 година и како дел од проектот направиле повеќе фотографии од истата област за да помогнат во идентификацијата на небесните тела како што се астероидите.

Околу 20:52 снимиле јато од три светли ѕвезди (магнитуда 15), но кога ја фотографирале истата област во 21:45 – ѕвездите исчезнале. Така, за помалку од еден час немаше ни трага од нив; како да не постоеле. Ѕвездите не исчезнуваат туку така. Тие може да експлодираат, или нивниот сјај може да се зголеми или да ослабне, но тие не исчезнуваат. Но, снимката покажува дека токму тоа се случило.

На првата фотографија јасно се гледа кластерот од три ѕвезди, но не и на втората фотографија.

Една од можностите е дека наеднаш им паднал сјајот, но тоа објаснување баш и не „држи вода“.

Имено, тоа би значело дека тие се помрачиле за 10.000 или повеќе. Што би можело да предизвика ѕвездите толку брзо да изгубат толку сјај?

Ефект на гравитациона леќа?

Друго објаснување е дека тоа воопшто не биле три ѕвезди, туку една. Можеби таа ѕвезда за кратко блеснала, а во исто време меѓу неа и нас поминала црна дупка со ѕвездена маса и преку ефектот на гравитациската леќа ја искривила нејзината форма, односно покажала дека таму има три тела, а не едно.

Проблемот со оваа хипотеза е што во тој случај ќе треба да се соберат неколку фактори и тоа ретко се случува.

Сепак, на други снимки од 1950-тите можеме да видиме слични исчезнувања на повеќе ѕвезди.

Во некои случаи, ѕвездите биле одделени со лачни минути, што тешко би произвело ефект на гравитациона леќа, пишува Universe Today.

Можеби тие воопшто не беа ѕвезди?

Третата можност е дека тие воопшто не биле ѕвезди, туку објекти на Ортовиот облак кој поради некоја причина во исто време се зголемил во осветленоста, а кои подоцна не можеле да бидат снимени бидејќи тие продолжиле по својата орбита.

Ортовиот облак е сферичен облак од кометни јадра на самиот раб на Сончевиот систем.

Има уште едно интересно објаснување – дека тие не се ни вселенски објекти.

Опсерваторијата Паломар се наоѓа релативно блиску до пустините на Ново Мексико каде што се тестираа нуклеарно оружје.

Можеби радиоактивната прашина ги контаминирала плочите, создавајќи светли точки на некои слики, а на други не. Со оглед на слични исчезнувања на ѕвезди снимени во 1950-тите, ова изгледа сосема можно.

Но, сè уште не можеме да бидеме сигурни. Најдобар одговор можеби ќе понудат најновите набљудувања на истата област на небото.