Внукот на Шарл де Гол се сели во Москва
Внукот на поранешниот претседател на Франција, Шарл де Гол, изјави дека планира да се пресели во Москва, соопшти руската Државна дума.
Пјер де Гол се сретна со претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, и разговараа за прашања поврзани со историјата и културните врски меѓу Русија и Франција.
„На 9 септември во Државната дума се одржа средба меѓу претседателот на Државната дума Вјачеслав Володин и Пјер де Гол, внук на првиот претседател на Петтата република, францускиот генерал Шарл де Гол“, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на рускиот законодавен дом.
Во него се наведува дека тие разговараа за прашања за зачувување на историската меморија, пред се за Втората светска војна, како и за зајакнување на културните и хуманитарните врски меѓу двете земји. „Внукот на Шарл де Гол, исто така, рече дека планира да се пресели во Москва“, се вели во соопштението.