Внуката на Садам Хусеин напиша книга за нејзиното семејство
– Избрав да напишам книга за да ја кажам вистината. Историјата на мојата земја е погрешно претставена, рече Харер Хусеин Камел објаснувајќи дека се чувствува одговорна да го разјасни начинот на кој бил прикажан Ирак и нападите на нејзиното семејство.
– Одлучив да ја раскажам приказната за моето семејство кое се обидоа да го дискредитираат, рече таа.
Садам Хусеин владееше со Ирак речиси 25 години, по што беше симнат од власт со инвазија предводена од САД во 2003 година, а подоцна беше погубен. Тој е обвинет за кршења на човековите права за време на неговиот мандат.