ВМРО се правда: Во Македонија ќе гласаат само 500 Бугари бидејќи биле престрашени


Пратеникот на ВМРО Красимир Богданов ги убедувал членовите на делегацијата од Советот на Европа дека во Македонија се пријавиле многу мал број на Бугари за гласање бидејќи биле преплашени од реакцијата на власта. Зборувајќи за борбата на неговата партија за правата на Бугарите во Македонија тој тврдел дека овие права се кршат и денес, посочувајќи ја како пример наводната неможност слободно да го искористат своето право на глас во нашата држава. 

„Вкупно 120.000 бугарски граѓани со право на глас живеат во Македонија. Во последните месеци таму беснееше жестока антибугарска кампања. Поради стравувањата од властите, само 500 имаа храброст да се пријават да гласаат на парламентарните избори. Ова е јасен пример за кршење на граѓанските права“,  ги убедувал Богданов преставниците на Советот на Европа.