ВМРО-Народна партија: Историјата ни е заробена во југословенската матрица


ВМРО-Народна партија со соопштение потсетува дека овие денови пред 76 години се сличиле настани кои се спомнуваат под името „Крвав Божик“ во кои биле стрелани повеќе стотици македонски партизани.

„Стрелањето беше спроведено и организирано од страна на југословенскиот титоистички систем со помош на македонски извршители. ВМРО-Народна партија искажува голема загриженост од молкот на сите оние историчари, колумнисти и фејсбук автори кои во последните месеци секојдневно нѐ известуваа за стрелани поединци од страна на про-фашистичките сили. Со овој молк за овие масовни убиства само потврдуваме дека сеуште сме многу индоктринирано општество во кое предмет на поделба се дури и жртвите. А исто така како народ не знаеме да се оддолжиме на тие македонски партизани кои идејата за самостојна Македонија сакале да ја остварат во 1945 година. 

Уште еднаш не сакаме да погледнеме дека нашата историја е заробена во југословенската матрица дотолку што не разбираме дека со самото тоа што молчиме и не ги расветлуваме тие настани им даваме за право на некои наши соседи истите тие настани да ги присвојуваат“, стои во реакцијата на партијата.