ВМРО-Народна партија бара укинување на приватниот пензиски фонд
ВМРО-Народна партија смета дека дупката во пензискиот фонд, како и барањето за зголемувањето на старосната граница за пензија и можното зголемување на даноците како мерка за пополнување на дупката е резултат на создавањето на ориватниот пензиски фонд.
-Во последните десетина години неколку пати сме ја алармирале јавноста за можната ескалација на ова горливо прашање и жално е што во оваа дискусија никој не зборува за вистинскиот проблем, а тоа е системска проблематика која настана со реформата при формирањето на приватните пензиски фондови. Во овој случај не можеме никого да обвиниме затоа што тоа беше наметната реформа од Светската банка и Монетарниот фонд, меѓутоа со жалење можеме да констатираме дека никој во сиве овие години не се обиде да сфати каде е проблемот.
Како за потсетување е и фактот дека оваа ситуација со приватните пензиски фондови како дискусија ја имаше скоро во сите држави од поранешниот комунистички блок.Затоа ВМРО-Народна партија смета дека решението не е ниту во промена на старосната граница за пензија, ниту во зголемувањето на даноците туку треба да се размисли околу правна форма за укинување на приватните пензиски фондови и враќање на единствениот државен пензиски фонд, стои во соопштението на партијата.