ВМРО-Народна партија бара извинување за тврдењата дека причина за тепањето на Пендиков е криминал


 

ВМРО-Народна партија бара извинување од сите што чиферуваа вести дека зад тепањето на христијан пендиков стоеле криминални причини а не омраза.

-ВМРО-Народна партија јасно и недвосмислено се залага и бори против ширење на лажни вести. Во тој контекст, а во однос на одлуката на основното јавно обвинителство од Охрид дека нападот на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид не е извршен поради претходни нерасчистени криминални побуди туку се квалификува како нанесување на тешки телсни повреди од омраза, бараме сите јавни чинители но и индивидуите кои сакаат да бидат општествено активни а притоа учествуваа во преиначувањето на делото како напад со криминална позадина до степен на создавање перцепција дека и добро е што бил истепан, да имаат доблест и се извинат на македонската јавност што лиферувале непроверени и лажни информации.

ВМРО-народна партија смета дека на овој начин ќе се покаже барем малку достоинство и заложба на широката јавност да во иднина не подлегнува на лажни информации а со тоа и подгрева национална омраза, стои во реакцијата.