ВМРО-Народна ја смета за храбра позицијата на Заев


Во врска со вчерашното интервју на премиерот Зоран Заев за бугарската информативна агенција (БГНЕС), ВМРО-Народна партија сака да изрази поддршка за храброста со која зборувал Заев за македонската историја, наведено е во соопштението.

Партијата на Љубчо Георгиевски смета дека, за жал, она што македонската историографија требало да го отвори во изминатите три децении на демократија, сега еден политичар во функција на премиер радикално ни го соопштил.

„Сите работи што ги зборуваше Заев согласно со објективната историја и во согласност со најголем дел од книгите извадени од македонскиот Архив се точни, а тоа што многу од македонските граѓани се шокирани, само зборува колку македонското општество било индоктринирано. Особено ме збунува фактот за острите тонови од страна на ВМРО-ДПМНЕ, партија што ја внесе идејата за пријателство со Бугарија и објективизирање на македонската историја во раните 90-ти години и ги направи најголемите чекори за приближување со таа држава“, наведува партијата на Георгиевски.