ВМРО-Народна го поздрави почнувањето на процесот на уставни измени


 

Партијата на Љупчо Георгиевски, ВМРО-НАРОДНА, ја поздрави одлуката на Владата за усвојувањето на Предлогот за пристапување кон измена со насоки за измена и дополнување на Уставот.

„Уште еден чекор напред кон остварувањето на многугодишната заложба за приклучување на Северна Македонија кон европското семејство. Ова е важен и охрабрувачки чекор кон зацврстување и интензивирање на аспирациите за полноправно членство на Северна Македонија воЕвропската унија.

ВМРО-Народна партија упатува апел до сите општествено – политички чинители да во најбрз можен рок се заврши оваа етапа и што побрзо Северна Македонија го отпочне процесот на интегративни реформи диригиран од поглавјата кои допрва ќе треба да се отвараат“, се вели во соопштението на партијата.