ВМРО на Фејсбук „удира“ по Пендаровски


Фото: Б. Грданоски

ВМРО-ДПМНЕ не трпи поинаков став од својот, па сега на ред дојде и на Фејсбук „му враќа“ на експретседателот и универзитетски професор Стево Пендаровски, по неговото гостување во „Тема на денот“ на ТВ Сител, што е воедно и негово прво интервју по изборниот пораз на 8 мај минатата година.

Пендаровски го загрижува позиционирањето на Владата во однос на администрацијата на Трамп

Прво се јави Александар Николоски. Еве што напиша на неговиот ФБ статус: 

„Стево Пендаровски – човек кој два пати изгуби Претседателски избори, вториот пат со историски најголема разлика, после 10 месеци реши да се појави во јавност и да го напаѓа Премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ заради поддршката на САД и Претседателот Трамп.

Пендаровски кој иако вети не се откажа од доживотна пензија на грб на граѓаните, го напаѓа Претседателот на нашиот стратешки партнер број 1. Арогантно дели ,,ум” на светски лидери, а сам себе не се гледа.

Човекот кој масовно ја злоупотребуваше Агенцијата за разузнавање со наредба да фабрикувааат извештаи за нас од ВМРО-ДПМНЕ дека сме ,,проруски” , ,,антизападни” , ,,антиамерикански” , за мене слушам напишале дека сум претставник на ,,иранско – турско – унгарско влијание” и пуштаа гавази да ги молат стратешките партнери пола од носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ да завршат на црна листа за така да се спасат од пораз, истиот тој сега е најантизападен и најантиамерикански.

Стево троши пензијата, не се брукај , не ја руши позицијата  на Македонија и дружи се со пријателите од Агенција за разузнавање додека можеш!“, напиша Николоски, вицепремиерот и министер за транспорт.

Потоа се јавио Антонио Милошоски. Евве што напиша на Неговиот ФБ статус:

„За дневно-политичките коментари на Пендаровски

  1. Пендаровски во 2020 зборуваше дека е “ван памет„ да се зборува за промена на македонскиот Устав во контекст на бугарското вето; тврдеше дека ги има сите информации од средбите со официјални лица од Бугарија и дека такво барање за Уставот не било ставено на маса. Потоа наведна глава пред потписот на Бујар Османи и стана главен промотор за смена на Уставот на Македонија.

ЗАТОА, проценките на Пендаровски треба да се земаат со голема резерва, бидејќи немаат доследност, а имаат повеќе оговарачка, отколку аналитичка основа!

  1. Тоа што Пендаровски јавно пласира навреди за САД и за нивниот новоизбран претседател може да се смета и како имплицитен став на СДСМ, но и како слобода на говорот. Сепак, владата на секоја демократска држава, во случајов САД, е прашање на избор на американските граѓани и Пендаровски, без разлика што е близок со тимот на Сорос, нема право да го оспорува демократскиот легитимитет на претседателот и владата на САД.
  2. Македонија и САД во 2008-ма потпишаа документ за стратешко партнерствои тој взаемно-корисен однос треба да се одржува и продлабочува, без разлика на менувањето на владите и претседателите во двете земји. Затоа Пендаровски, ако не може или не сака да И помага на Македонија на меѓународен план, барем нека не И одмага, како во времето кога главни советници за надворешна политика му беа Фрчкоски, Ана Чупеска и Артан Груби, како експерт за пари и ресурси!“, напиша Милошоски,  висок член на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието.