ВМРО-ДПМНЕ: Владата купува леб за министрите од 80 денари

Ковачевски во Влада набавува леб поскап за 30 до 100% повеќе од цената која самиот ја пропишува, односно плаќа 41,4 денари за 450 грама за белиот леб, а за белиот леб со продолжен рок плаќа нешто под 80 ден, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Од партијата велат и дека лицемерието на Ковачевски кон граѓаните е класичен пример за целокупното негово владеење бидејќи донел мерка која ни самата Влада не ја почитува, а притоа се претставувал како спасител во ситуација кога во Македонија поскапеле цените на сите производи.
„Ковачевски во Влада набавува леб поскап за 30 до 100% повеќе од цената која самиот ја пропишува, односно плаќа 41,4 денари за 450 грама за белиот леб, а за белиот леб со продолжен рок плаќа нешто под 80 ден“, се вели во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тие уште пред една година апелирале дека ќе дојде до ваква ситуација, но премиерот не сакал да го заштити стандардот на граѓаните, неприфаќајки ги предложените мерки од страна на опозицијата со што би се зголемиле стоковите резерви и ќе се спречел ценовен шок за граѓаните. Наместо тоа, велат, Владата дозволила поскапување на струјата и на цените на основните продукти.