ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Спасовски работи за странска служба


Нема друга држава каде министерите за внатрешни работи и правда немаат НАТО сертификати бидејќи се соработници на друга странска служба и вмешани во корупција, тврди ВМРО-ДПМНЕ продолжувајќи со серијалот обвинувања на оваа тема.

„Спасовски и Маричиќ со самиот факт што немаат НАТО безбедносен сертификат го доведуваат во прашање кредибилитетот на државата. Спасовски и Маричиќ се луѓе без морал и одговорност, да не беа, ќе си дадеа оставки до сега. Со тоа што без НАТО сертификати држат позиции кои се од витално значење за државата е опасно… Не може луѓе на кои НАТО не им верува да држат високи позиции во Македонија, а притоа да се чукаме во гради дека сме за НАТО, тоа е лицемерие од Заев“, соопштија од оваа партија повикувајќи ги да кажат дали е вистина дека едниот нема сертификат затоа што има контакт со странска служба, а другиот затоа што е вмешан во корупција.