ВМРО-ДПМНЕ тврди: Македонија немала реален попис 40 години
Македонија 40 години немала реален попис, кој може да помогне на државата во планирањето на идните чекори. Заев е на пат да спроведе уште еден политички попис, кој ќе биде само за задоволување на коалициони апетити и ништо друго, реагираше денес со соопштение ВМРО-ДПМНЕ.
-Време е СДСМ да се откаже од насилно туркање кон попис кој ќе значи фалсификат и лажење како на институциите, така и на граѓаните. Никој нема полза од фингиран попис и Заев и СДСМ мора да го сфатат тоа.Електронскиот попис е единствено решение, кое е брзо и ефикасно и кое ќе понуди цврсти информации кои и се потребни на државата.
Електронскиот попис ќе се спроведе со совпаѓање на базите на податоци на повеќе државни институции, по што ќе се добие јасна слика на бројот на државјани, резиденти, нерезиденти, вработени, невработени, нивото на образование и слика за секој еден податок од значење.Со мечирање и филтрирање ќе се спроведе операција каква што и треба на Македонија, порачува опозициската партија.
Од СДСМ повикаа на разум, посочувајќи дека во државата има недостиг од квалитетни статистички податоци што се потребни за градење на стратегии и политики за предвидлив развој на државата.