ВМРО-ДПМНЕ: Тестирањето од корона стана милионски бизнис
ВМРО-ДПМНЕ го нарече шверцерско ноќното објавување на бројот на починати и новозаразени, порачувајќи дека тоа нема да ја намали одговорноста и неспособноста на гробарскиот тандем Заев- Филипче.
-Секој ден е нов пик на новозаразени, и секој ден губиме по десетина наши сограѓани заради неспособноста на Филипче. Македонија е на врвот на листата на смртност во регионот, затоа што Филипче е неспособен. Пациентите чекаат и по неколку дена за тестирање, а потоа уште неколку дена за резултати. Додека да стигнат во болница, состојбата им е веќе комплицирана, и често завршуваат фатално, дури и млади луѓе.Филипче треба да си даде оставка порадо тоа што:
– Здравствениот систем не функционира и луѓе умираат или по ходниците молејќи за помош или на пат кон болниците.
– Министерот Филипче имаше десет месеци да се подготви за новиот бран, но тој не направи ништо за да обезбедо минимална подготовка на капацитетите.
– Секојдневно се лажираат бројки на заразени и се кријат починати.
– Тестирањето на заразените се претвори во милионски бизнис додека за функционерите на власта тоа е бесплатно.
Филипче мора да понесе одговорност, за сите задоцнети реакции и изгубени животи. Филипче не направи ништо за да го смени пристапот и да спаси живот повеќе. Македонија нема повеќе животи за губење, порачаа од опозицијата.