ВМРО-ДПМНЕ се надмина во примитивизмот: Фрчковски бил женомрзец, атентатор и лустриран кодош


Фото: Б. Грданоски

ВМРО-ДПМНЕ се надмина денес во омилениот „спорт“, девалвација на луѓе, овојпат околу шпекулацијата дека Љубомир Фрчкоски е одбиен како предлог за амбасадор од САД.  

-Државава ја тресе нов скандал, вратен е  предлогот за Љубомир Фрчковски за амбасадор во САД поради тепање на жени, нерасветлен атентат врз Глигоров и лустриран кодош. Заев со нов скандал за лице претставник на државава во најмоќната земја го прати Фрчкоски кој е женомразач, шверцер на нафта и цигари и министер кога се изврши атентатот врз Глигоров. Неприфаќањето на Фрчкоски од страна на САД за амбасадор на Македонија е доказ дека Заев и дружината не поминуваат подалеку од Софија.

Фрчкоски беше дел од владата на СДСМ која ја направи матната приватизација и во чие време се кршеше ембаргото кон Србија. Зоран Заев ги понижи САД со испраќањето на Фрчкоски како амбасадор,  направи дипломатски скандал, и ја посрамоти Македонија.

Фрчкоски е четврти дипломат кој му го враќаат сојузниците. Како четврти вратен се поставува прашањето дали Заев намерно ја поткопува западната алијанса и НАТО?Дали Заев по шамарот од САД го спрема Фрчковски за уставен судија или амбасадор во Белград? – реагира ВМРО-ДПМНЕ.