ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ го деградираше македонскиот јазик, Заев тврдеше дека македонскиот и бугарскиот се исти

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на тврдењата на СДСМ дека не се грижат за македонскиот јазик и не го почитуваат законот за него, оценувајќи дека токму тие како партија ги распродавале националните интереси, историјата, културата, како и јазикот, за да сега глумат загриженост.
-СДС се тие кои што за време на нивното седум годишно владеење направија се за да го деградираат македонскиот јазик. Потпишуваа понижувачки договори кои ја негираа неговата посебност.Цела македонска јавност го слушаше Зоран Заев, кој на телевизија, без око да му трепне и без гласот да му затрепери, тврдеше дека Македонците и Бугарите се ист народ и дека македонскиот и бугарскиот јазик се исти.
Кога СДС лицемерно изразува грижа за македонскиот јазик, пред да излезат на прес-конференција, само нека се потсетат на периодот на нивното владеење на чело со Заев.Затоа што тие се тие кои што ги опустошија македонските национални интереси и трајно ги нарушија позициите на Македонија, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.