ВМРО-ДПМНЕ призна дека Владата ја усогласува надворешната политика со САД, а не со ЕУ


Фото: Б. Грданоски

 

Одговарајќи на обвинувањата на СДСМ дека надворешната политика на Македонија се води аматерски, ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека таа се води усогласено со САД. Повод беше коспонзорството на резолуцијата за Украина предложена од САД, во која Русија не се споменува за агресор, и откажувањето поддршка на онаа зад која стоеше ЕУ.

„Претседателот Мицкоски ја унапреди соработката на Македонија со САД, СДС во очај ѝ љубоморат на сопствената држава.

Владата гласаше целосно усогласено со САД.

Жално е да се каже, но соопштението на СДС за надворешната политика на владата не е ништо друго, освен изворна љубомора и очај за сопствениот политички рејтинг.

СДС лажно се претставуваше прозападна партија, а всушност е партија на комунисти.

СДС лажно се претставуваше за пријател на САД, и го користеше прозападниот сентимент на народот, тоа сега го гледаат и граѓаните и нашите стратешки партнери“, велат од партијата.