ВМРО-ДПМНЕ предлага пратениците да имаат само македонско државјанство
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ предлага кандидат за пратеник во Собранието на Македонија да може да биде само полнолетен граѓанин кој поседува само македонско државјанство и нема ниедно друго двојно државјанство. Предлог законот веќе е поднесен во Парламентот по скратена постапка.
Овој потег доаѓа по вчерашната објава на бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, кој сподели листа со имиња на македонски политичари кои поседуваат бугарски пасоши, а меѓу нив се најдоа имиња на високи функционери од опозициската партија. Од ВМРО-ДПМНЕ демантираа и посочија дека ниту еден член од партијата нема бугарски пасош.
Ваква одредба има и во Законот за надворешни работи.