ВМРО-ДПМНЕ определи уште осум кандидати за градоначалници
Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ денеска објави уште 8 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Така бројот на познати кандидати стигна до 33. Поголемиот дел од кандидатите се актуелни градоначалници. Според Антонио Милошоски, член на ИК, овие кандидати за градоначалници биле одговорни, исполнителни личности кои својата активност ја докажале не само во рамки на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, туку имаат углед и во самите општини. За Кочани, како што рече Милошоски, во моментов „има други приоритети“.
Новите осум кандидати се:
Жарко Ристески, кандидат за градоначалник за Македонски Брод;
Драганчо Саботковски, кандидат за градоначалник за Могила;
Тони Тоневски, кандидат за градоначалник за Пробиштип;
Марјан Пеев, кандидат за градоначалник за Богданци;
Наталија Димитриева, кандидат за градоначалник за Демир Капија;
Ѓорѓи Крстевски, кандидат за градоначалник за Росоман;
Стевче Стевановски, кандидат за градоначалник за Новаци;
Златко Силјановски, кандидат за градоначалник за Дебарца.