ВМРО-ДПМНЕ: Омилената директорка на Груби потрошила два милиони евра за три сомнителни набавки

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Мерита Мустафи, директорката од Бирото за метрологија, која дала акредитација на компанија во сопственост на лице кое работело како шалтерски вработен во семејната туристичка агенција на Груби, потрошила два милиони евра за три сомнителни набавки.
-Тоа истата таа која има непријавена хациенда на Попова Шапка со големина од 150м2. Мерита Мустафи очигледно е човек од доверба на Груби. Верувале или не, токму омилената директорка на Артан Груби платила 600 илјади евра за комбе.Мустафи од Бирото за метрологија во 2019 година набавила подвижна лабораторија по цена од 600 илјади евра, три пати повисока од цената по која иста таква лабораторија од истата компанија му била понудена на Државниот пазарен инспекторат. Дополнително оваа подвижна лабораторија се покажала како нефункционална и нејзината опрема била извадена и стационирана во објектот на институцијата.
Со други зборови преплатила по изгор скапа цена подвижна лабораорија, за да после од опремата направи фиксирана лабораорија. Откако ја извадиле опремата испаѓа дека Мустафи платила 600 илјади евра за комбе. Но, Мустафи очигледно се охрабрила од ваквата скандалозна набавка, а можеби имала и директна заштита од Груби, па во 2022 година реализирала уште две сомнителни набавки, и тоа опрема за испитување на мазут од 416 илјади евра, и опрема за верификација на гас од над 1 милион евра. За три години директорката од Метрологија, Мерита Мустафи, блиската соработничка на Груби, потрошила неверојатни два милиони евра за три сомнителни набавки“, тврдат од оваа партија повикувајќи ги ДКСК и ОЈО да се позанимаваат со овој скандал.