ВМРО-ДПМНЕ обвинува, МНР молчи за Бесмира Ејупи


Министерството за надворешни работи се уште не излегува со информација околу тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека бесрима Ејупи , која не успеа да стане конзулка, сега е вработена во оваа институција со што и се отвора пат повторно да добие дипломатска позиција во странство. Наспроти зачуденоста со што заслужила толку Ејупи да се брука заради неа шефот на дипломатијата Бујар Османи и цела ДУИ, прашање е на кој оглас е примена таа, дали е испочитувана процедурата и зошто била неопходна, кога бројот на дипломатите во МНР последните години  е речиси трипати поголем од претходно. За Ејупи исто така во тек е постапка од страна на Државната комисија за справување со корупција поради нејзината поврзаност со повеќекратни незаконски испати од државни институции. 
 
За нејзиното вработување во МНР, ако е точно, реагираше денес повторно ВМРО-ДПМНЕ .
 
-Јавноста овој тв лик го памети по скандалозниот обид да биде именувана како генерален конзул во Њујорк, но и како лик на кој и биле исплатени 12 илјади евра на име на хонорари од неколку институции, за што постои и истрага. Сега Бесмира Ејупи е вработена во Министерството за надворешни работи кај Бујар Османи, кој пред само извесно време тврдеше дека не ја познава дотичната особа.Бесмира Ејупи  од неодамна е вработена како соработник во одделението за правни работи во МНР, а почната е процедура за издавање на безбедносен сертификат „доверливо“.
 
Ковачевски веројатно ќе продолжи да молчи, како и минатиот пат кога скандалозно беше именувана за генерален конзул,  затоа што или никој не го прашува или не смее да се меша. Ете затоа македонската дипломатија се наоѓа на ова дереџе. Бујар Османи и ДУИ имаат добиено одврзани раце од Ковачевски и СДС да прават што сакаат и како сакаат, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.