ВМРО-ДПМНЕ обвини: Димова дала два проекти на брат на пратеник на СДСМ
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, со која директорува Лидија Димова, доделила 125.000 евра од Еразмус+ програмата на братот на пратеникот Диме Велковски, за проектот „Избери сирење”, соопшти денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.Претходно беше обелоденето дека братот на овој пратеник од Агенцијата со која раководи Димова добил 83.000 евра за обука за дресура на магариња.
– Поставуваме дилема и прашање, како е можно овие два проекта во вредност од над 200.000 евра европски пари Лидија Димова да ги додели токму кај братот на пратеникот од СДСМ Диме Велковски, токму пред парламентарните избори? Бараме јавно да се објави од страна на Диме Велковски и од Лидија Димова, на кој начин се трошеле и каде завршиле над 200.000 евра, односно во чии џебови завршиле парите – изјави Арсовски.
Скандалозното однесување и работење на Лидија Димова е недозволиво, смета ВМРО-ДПМНЕ.
– За само една недела излегоа на површина сите фекалии од криминалното работење на кадрите на СДСМ во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.Да потсетиме, доделени над 270.000 евра на фризерница за проекти за медиумска писменост. Се уште Лидија Димова не одговори за сомнежите околу рангирањето на проектите, не ги објави јавно, но и се уште не сноси одговорност за сомнежот дека против законот е добиен проектот од страна на надворешен соработник на агенцијата, нејзин близок пријател од кафеански седенки – изјави портаполот Арсовски и потсети дека се купени две луксузни возила од страна на Лидија Димова во вредност од 100.000 евра. ВМРО-ДПМНЕ бара Лидија Димова веднаш да си даде оставка веднаш.