ВМРО-ДПМНЕ нема да ги бојкотира претседателските избори, тврди Мицкоски
ВМРО-ДПМНЕ нема да ги бојкотира претседателските избори, тврди лидерот на партијата Христојан Мицкоски.
-ВМРО-ДПМНЕ влегува во овие избори како фаворит. Кажав во неколку наврати дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг ќе води пред кандидатот на ДУИ и СДС отприлика околу 100.000 гласови. Нема потреба зошто да ги бојкотираме, друго е прашањето кои се предизвиците со коишто ќе се соочи Македонија во периодот кој следи, а кои е поврзани со тој изборен процес и парламентарните избори, изјави Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека ако изборите не бидат успешни, бидејќи според него стеснети се можностите за фалсификување, тогаш може да влеземе во континуиран процес на избори и државата тоа нема да го издржи.
– Многу е важно како ќе се организираме и како ќе ја организираме државата бидејќи сме на четири месеци од изборна кампања. Мора да завршиме со претседателски избори во април. Ако тој процес е успешен претседател треба да има на 12 мај. По принцип две недели порано треба да заврши вториот круг, а тоа значи дека најдоцна треба да заврши вториот круг на 28 април, тогаш првиот круг е 14 април, рече Мицкоски.
Мицкоски посочи дека актуелната власт се однесува неодговорно кон државата и ресурсите а планот им е да одат со заеднички кандидат, кој ќе го номинира ДУИ.
– Ако се грижиш за државата, треба да се грижиш и за ресурсите на државата, а прашањето е дали Македонија има доволно ресурси за таков краток период да изработи три изборни циклуси имајќи предвид дека требаат два круга за претседателските избори. Логичната анализа вели дека со вториот круг на претседателските треба да се организираат и парламентарните. Дајте на лидерска средба да ги договориме датумите, на неколку месеци сме пред кампања, секогаш имало дијалог, никогаш не се случувало ова, вели Мицкоски.
Мицкоски посочи дека власта бега од дијалог и од лидерска иако следат важни процеси.
– Ако се случи да има неуспешни претседателски избори, условно кажано, тогаш за 40 дена треба да се повтори процесот. Можеме да влеземе во континуиран процес на избори и да се измори државата. Друго прашање е дали ние како општество можеме ова да го издигестираме или економијата. Стопанството е загрижено и вели дека, ако влеземе во таков процес бидејќи и 2025 има други, нема да може да се издржи во државата. Имаме сега ситуација кога опозицијата се однесува одговорно, а власта неодговорно, нагласи тој.
Мицкоски потенцира дека ако немој мисли дека ќе си играат и ќе има услови, или техничка влада како таа на Оливер Спасовски и ќе се носат уредби, ќе биде суспендиран парламентот, тоа нема да се случи.
– Ограничени им се маневарските способности. Тоа така нема да оди. Подготвени сме за сите сценарија, ВМРО-ДПМНЕ и народот нема да бидат неми набљудувачи, изјави Мицкоски.
Тој исто така ја омаловажуваше кандидатурата на актуелчниот претседател Стево Пендаровски тврдејќи дека „и да се кандидира за претседател на куќен совет во зградата каде што живее не може да добие повеќе од два гласа“.
-Мислам дека кога станува збор за Стево Пендаровски сите партии теоретски да се опкружат околу него, да се обединат и да го подржат, прашање е дали ќе го гласаат повеќе од 100.000, сите партии. Мислам дека во зградата каде што живее, ако се пријави за претседател на куќен совет, тешко да добие повеќе од два гласа, истакна Мицкоски.
Претседателот Мицкоски во текот на своето гостување порача дека во овој момент не треба да се губи време со лик како што е Стево Пендаровски.