ВМРО-ДПМНЕ не излезе на избори, а обвинува за уцени и поткуп


Пратеникот на ВМРО-ДПМНE од Штип, Иван Јорданов обвини дека предвремените локални штипски избори биле спроведени со закани и уцени, а тврди дека се плаќало и за глас повеќе, а цената достигнувала и над 200 евра. Тој, вечерва на прес-конференција рече дека изборите биле мафијашки.

„Денес цел Штип беше сведок на мафијашки избори организирани од Зоран Заев, и двоецот Бочварски и Сашко Николов. Заев среде корона организираше на сила избори само за да ја спасат власта во Штип. Вадеа луѓе болни со корона без никакви протоколи. Се истурааа со пари за глас повеќе, а цената за глас достигнуваше нешто над 200 евра. Се правеа притисоци, закани и уцени само за да ja зачуваат градоначалничка фотелја. Цела држава ја кренаа на нозе за само еден градоначалник. И издвојуваа пирова победа, која денес штипјани скапо ја плаќаат со своето здравје“,рече Јорданов.

Според неговите пресметки на парламентарните избори пред само една година гласале 24 илјади граѓани, на претходните локални избори гласале 29 илјади граѓани, а денешната бројка од нешто над 14 илјади гласови, била јасна порака од граѓаните на Штип.

„Денес Сашко победи, но Штип и Македонија изгубија. Заев и СДСМ не се способни да организираат фер и демократски избори. Докторе Николов се случи она што јас ве предупредував, ги намачкавте рацете со криминалот на Заев. Нашиот народ вели нема лезет, а нема зошто денес вашата партија правеше тортура низ Штип, за 8 месеци ќе има повторно избори тогаш ќе го видите вистинскиот одговор од штипјани“,рече Јорданов.